Госпоѓа Марија Матијас (95) од Хрватска некој ја прогласил за мртва иако таа била жива и лежела во болница.

Таа има прилика да се пофали дека си ја видела посмртницата иако жива лежи во болница.
Таа била сместена во Дом за стари лица, од каде поради тоа што не и било добро била примена во болница. Но, некој се јавил во Домот и рекол дека пациентката починала. Тие се јавиле на семесјтвото.
Нејзините најблиски подготвиле погреб. некои тргнале од странство да присуствуваат на погребот. Резервиран е ресторан за задушница, изнајмена фирма за пренос на телото, ископана половина дупка во гробот.
Кога внукот отишол во болница да го подигне телото, му кажале дека бабата е жива.
Од болницата велат дека никој не се јавил во Домот за стари лица да каже дека бабата починала, а тоа го потврдува и списокот на повици каде нам ни еден кон домот.