Најпознатиот симбол на Париз добива нова боја?

од desk2
83 прегледи

Кога Ајфеловата кула била подигната во 1899 година, многу Парижани на неа гледале со презир. На тоа можеби влијаел и фактот дека најпрепознатливиот француски споменик некогаш бил офарбан во црвено.

За 129 години постоење, кулата е фарбана 19 пати. За јубелејното 20 фарбање, кое треба да почне кон крајот на годинава, француското Министерство за култура и градските власти на Париз треба да одлучат дали сегашната патентирана метална боја повторно ќе биде користена или можеби ќе биде употребена друга.

„ИМаме идеја повторно да ги откриеме и да ги оживиме старите бои, како што тоа се прави кога се реставрираат стари уметнички дела. Размислуваме за тоа да додадеме нови нијанси на постоечката„, велат од министерството.

Авторот на кулата, францускиот инженер Густаф Ајфел, оригинално ја офарбал Ајфеловата кула во црвено, за да ја заштити од рѓа. Од тогаш фарбана е во окер, жолта и неколку различни нијанси браон, пишува Travel and Leisure.

За фарбањето, кое ќе почне во октомври и ќе трае околу три години, ќе бидат потребни околу 60 тони боја. ПЛанираное работите, кои ќе вклучат и поставување непробојно стакло околу споменикот да чини 300 милиони евра.