Парискиот музеј на современа уметност Palais de Tokyo, планира еден ден во потполност да го посвети на посетителите без облека.

Имено, музејот на 5 мај организира нудистички ден. За тоа да го направите треба да се регистрирате во Париската асоцијација на нудисти.
Сите регистрирани, по доаѓањето во музејот ќе може да ја остават облеката во гардеробата и потполно голи да ги разгледуваат уметничките дела, а на располагање им е и кустос, кој исто така ќе биде гол.
Иако во здружението се жалат на се помал број членови, последните години се повеќе луѓе се зачленуваат.
https://twitter.com/ANPnaturiste75/status/971824018000138241