Србија го обвинува НАТО за зголеменост на случаи на рак во земјата , меѓу кои и кај многу деца, пренесе РИА “Новости”. 
Во 1999 година, НАТО употреби осиромашен ураниум во бомбардирањето на поранешна Југославија, во обид да ги заштити Албанците во Косово.
Според српските податоци, тие доведоа до илјадници загинати и повредени цивили.
Српскиот претседател Александар Вучиќ потсети на ова време, на церемонијата на отворањето на новиот институт за рак. Според него српските лекари се убедени дека овие оружја сериозно го погодило здравјето на младото население во земјата.
” Денес во Онколошкиот институт научив дека се повеќе и повеќе деца се дијагностицирани со рак во нашата земја. Ќе бидам искрен, во почетокот не верував во теориите на осиромашен ураниум […], но денес, откако разговарав со лекари, Сфатив дека ураниум е меѓу многу од факторите кои предизвикуваат рак во рана возраст “, рече Вучиќ.
Тој, исто така, истакна дека ракот во детството најчесто се дијагностицира кај оние чии родители се родени околу 1990 година. Тој рече дека Србија дополнително ќе го испита ова прашање.
“Ова е невиден криминал и ние, како партија, ќе го истражиме ова многу сериозно”, рече претседателот.
Претходно српскиот научник Љубиша Ракиќ изјави дека количеството осиромашен ураниум, кој е фрлен во балканските држави за време на операциите на НАТО, би било доволно за да се создадат 170 бомби како таа во Хирошима. Меѓу најпознатите продорни последици за здравјето од употребата на такви оружја се нарушена функција на тироидната жлезда, рак и проблеми со плодот при бременост.