Споменикот на цар Самуил може да се дислоцира во Охрид, откако општината покажа иницијатива. За сега се чека да финишира ревизијата на проектот, па да се знае дали преместувањето ќе се случи. И за локацијата веќе се размислува, но се држи во тајност, пишува 24 Вести.

Споменикот на цар Самуил кој се уште се наоѓа на плоштадот во Скопје му припаѓа исклучиво на град Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски.
„Нашиот став и нашата намера е дека местото на споменикот на цар Самоил е токму во Охрид и за тоа имаме намера во понатамошниот дел, по завршувањето на ревизијата како што реков, да побараме тој споменик да биде дислоциран во Охрид. Имавме неофицијални разговори со министерството и со Владата, со премиерот, меѓутоа одговорот и во тие неофицијални разговори е да почекаме да се заврши ревизијата“ – изјави Јован Стојаноски, градоначалник на Општина Охрид.