Турција се оддалечува од ЕУ

од desk4
172 прегледи

Турција се оддалечува од Европската унија,  а преговорите за влез на Анкара во заедницата се практично суспендирани. Ова се наведува во финалната изјава на Советот на Европа по состанокот во вторникот.

“Советот забележува дека Турција се оддалечува од ЕУ. Преговорите за членството на Турција практично се во ќорсокак и е невозможно да се разгледуваат отворање или затворање на нови поглавја”, се вели во документот.

ЦЕ дури истакнува дека работата за подобрување на царинската унија ЕУ-Турција е запрена. ЕУ нагласува дека е исклучително загрижена за ситуацијата на “владеењето на правото” во Турција. “Советот е особено загрижен и посочи на  континуираната и многу вознемирувачко повлекување од владеењето на правото и фундаменталните права, вклучително и слободата на изразување”, се истакнува во документот.

Советот ја повика Анкара да ја исправи моменталната ситуација во земјата и да ја усогласи со европските и меѓународните стандарди.

Процесот на пристапување во ЕУ започна на 3 октомври 2005 година. За да влезе во ЕУ, Турција треба да ги заврши успешно преговорите со Европската комисија по 33 од 35 поглавја (две не бараат усогласување). Потоа, земјите-членки мора едногласно да гласаат за да и  дадат на Турција статус на земја-членка на ЕУ.

На 6 јули Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикуваат земјите на ЕУ и Европската комисија да ги прекинат турските разговори за влез во ЕУ се додека турските власти не ги менуваат уставните реформи. Во април 2017 година, референдумот ги прошири правата на турскиот претседател, и тоа ја запре целата европска приказна /  TASS

Слични содржини