Почна да се наплаќа паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези

од desk2
102 прегледи

Почне со работа новото зонско паркиралиште, зона А02, кај манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези. Паркирањето на оваа паркинг-зона ќе се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот, информира Градот Скопје.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. СМС пораките за паркирање може да се испратат на бројот 144 144 од сите мобилни оператори во Република Македонија.

На паркиралиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли на кои се наведени сите неопходни информации во врска со паркирањето, времетраењето и цената. Непрописното паркирање на ова паркиралиште и непочитувањето на сигнализацијата ќе се санкционира.

Оваа новина, велат од Град Скопје, е дел од оптималното решение за зачувување на планината Водно и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.