На тајландските социјални медиуми масовно се споделува цртеж на уметникот Сисидеа, кој ја отсликува секоја од групите што учествуваат во операцијата за спасување на момчињата од пештерата – во ликови на животни.

Според илустраторот, лидерот на операцијата, Наронгсак Осатанакорн, е слонот (кој е симбол на провинцијата Чианг Раи). Тој е и бел слон – што ја означува реткоста на неговите лидерски способности, вели карикатуристот.
Веприте очигледно се момчињата, тоа е името на нивниот фудбалски тим, додека белите коњи ги претставуваат волонтерите. Фоките се тајландските маринци, кои ја координираат оваа операција, додека жабите ги претставуваат тајландските и меѓународните нуркачи.
Лавовите се англиските нуркачи, кенгурите се Австралијците. Пандата е кинескиот тим, жеравите се јапонскиот тим, а лосот се Швеѓаните. Тигрите се тимот од Бурма, а кафеавите слонови се експертите од Лаос.
https://twitter.com/ForceMaid/status/1016185055138312192
Кучињата ја претставуваат полицијата, а Ајронмен е Илон Маск.
А птиците – оние што летаат во спротивна насока од сите други? Тие се медиумите, како и тајландските блогери што ја критикуваат операцијата.