Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека имал средба со косовскиот претседател Хашим Тачи за време на форумот Албах. На состанокот претседавал австрискиот канцелар Себастијан Курц и комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Кан.
“Се надевам дека ќе имаме можност да ги продолжиме овие преговори, и не можам да дадам детали за нив, бидејќи ништо не е договорено сé додека не е договорено се”, рече Вучиќ.
Според него, “разликите меѓу Белград и Приштина се огромни и не верува дека е можен некаков пресврт”. “Нема да биде ниту лесно ниту едноставно. И двајцата знаеме колку големи се разликите меѓу нас … Не сум се жалел ниту на Тачи, ниту на кого и да е”, рече уште српскиот претседател.
Својот песимизам Вучиќ go објасни со реалната состојба. “Работиме за мирот меѓу Србите и Албанците. Имавме страшно многу судири. Ова го велам и нагласувам дека тоа е волјата на српскиот народ – да постигнеме траен мир … Ние сме должни да го решиме проблемот со Албанците во корист на двата народа и целиот регион . Србите и Албанците се најголемите народи во регионот. Ако постигнеме договор, иако e тука мојот песимизам, бидејќи ги гледам проблемите со кои се соочуваме, но и затоа што не сум сигурен дека српските граѓани ќе поддржат таков договор, ама ќе решиме еден проблем постоечки два века “, изјави уште Вучиќ , кој вети дека ќе направи максимални напори да најде решение за сите спорови со Албанците. “”
Ова ќе биде огромен чекор напред за целиот регион, но ова не може да се постигне без поддршка на целата Европска унија “, рече Александар Вучиќ за PTC.