Жена ид Њу Џерси, САД прогласена е за најсреќна личност затоа што по еден круг во казино доби 2,4 милиони долари, а вложи само 10.

Неименуваната жена играла на слот машина „Тркало на среќата“ во казиното Боргата во Атлантик Сити.
„Каков крај на летото. По 15 часа жена од Њу Џерси освои голем џек пот на „Тркалото на среќата“ и тоа од прв круг. Освои 2.481.940 долари“, напишаа на твитер од казиното.
Други играчи ги поделија своите искуства и велат дека најмногу освоиле 1.000 долари, а некои сметаат дека добивката е наместена.