Белата куќа ја отфрли вистинитоста на книгата на Боб Вудворт во која се опишува постојаната борба на високите советници на американскиот претседател Доналд трамп да ги ублажат донесените претседателски екстремни политички одлуки или да спречат спроведување на импулсивните одредби.

Долго очекувната книга „Страв: Трамп во Белата куќа“, која се темели на интервјуа, белешки од состаноци, лични дневници и владини документи – ја напиша истражувачкиот новинар Боб Вудворт, кој заедно со Карл Бернстајн во 1972 година го откри скандалот „Вотергејт“, кој доведе до оставка на претседателот Ричард Никсон.
Книгата за Доналд Трамп донесува мачен портрет на необразован, колеричен и параноичен претседател кој неговите министри и соработници постојано се обидуваат да го контролираат за да избегнат потешки последици.
Во моментот кога медиумите и социјалните мрежи почнаа да известуваат за книгата и да вадат одломки, Белата куќа објави соопштение со кое ја негира вистинитоста на изнесените приказни.
„Оваа книга не е ниѓшто друго туку измислица, многу приказните ги измислиле поранешни незадоволни вработени, на кои им е речено да го оцрнат претседателот , вели портпаролката Сара Сандерс.
Видворт во книгата ја опишува честата фрустрација на шефот на персоналот на Белата куќа, Џон Кели кој традиционално е најблиска личност на претседателот во „западното крило“.
Тој, според Вудворт, поради непредвидливоста на Трамп и неразбирањето на глобалната политика често добивал „нервен слом“.
На еден состанок за Трамп наводно рекол: „Тој е идиот. Не може ништо да му се објасни. Не знам што правиме тука. Ова е најлошата работа што сум ја имал“.
Според информации кои ги собрал Вудворт, по хемискиот напад во април 2017 година, кој му се припишува на сирискиот режим на Башар ал Асад, Трамп го повикал генералот Матис и му рекол дека сака да го убијат сирискиот претседател.
„Ќе го убиеме. Одиме. Да одием внатре и да ги убиеме сите“, рекол трам, а по разговорот Матис се свртел кон еден советник и му рекол: „Ништо од тоа нема да преземеме. Ќе бидеме многу поумерени“.
Новата книга на Боб Вудворт треба да излезе на 11 септември годинава..