Езерото познато како Disappearing Tarn со своето појавување и исчезнување неколкупати годишно ги одушевува фотографите и туристите во Тасманија.

Езерото се наоѓа на половина пат до планинскиот врв Велингтон, висок 1.271 метри. Тоа место поголем дел од годината е суво и со вода се полни десетина пати годишно, по обилни дождови и топење на снег. Тогаш водата се губи низ празнините меѓу околните камени делови во почвата. Токму затоа глетката од водената површина на тоа езеро за многумина е неисполнета желба. Оние пак кои го виделе езерото велат дека глетката е неверојатна.

Езерото толку ретко се појавува така што и самите жители на Тасманија до сега беа скептични околу неговото постоење. Но, годинава тоа воодушеви со појавата и бојата на езерото, неверојатно сина додека во подлабоките делови е сафирна, пишува BBC.
