Проколнатите острови Магдален на кои се случиле речиси 1.000 бродоломи

од desk2
122 прегледи

Во канадскиот залив Сен Лорен се наоѓаат островите Магдален, едни од најопасните за бродовите.

Верувале или не овде заринкале меѓу 500 и 1.000 бордови од 18 век, а во текот на само една бура биле потопени 48 бродови.

Објаснувањето лежи во ветровите, маглата и големиот број карпи, но и малиот број светилници пораид што морепловците „на слепо“ управуваат со бродовите. Дури и бродот на тајкунот Аристотел Оназис овде заринкал во 1963 година.

Островите Магдален се простираат на околу 205 км квадратни, а на нив живеат околу 12.000 жители. Најинтересно е дека жтели се потомци на преживеаните од некогаш заринканите бродови. Дури и денес на некои куќи моѓе да се пронајдат штици од бродови и други спасени материјали.

Додека повеќето зборуваат француски јазик, има и такви кои зборуваат англиски, а потекнуваат од Англија, Шкотска и Ирска.

И денес можат да се видат остатоци од потопените бродови во плитките води на архипелагот, а интересно е што потомците на морепловците не сакаат да ги напуштат островите кои гордо ги нарекуваат свој дом.