За Џереми макс светот дозна во 2014 година кога заврши во затвор, додека Кло Грин е богата наследничка.

Оваа двојка од почеток беше контроверзна.
Макс во 2014 година беше уапсен за поседување оружје, а затворската фотографија го обиколи светот и ги залуде жените. Тој беше осуден ан 27 месеци затвор, но и по толку време светот не го заборави.
Во тоа време најзгодниот затвореник на светот, беше во брак со Мелиса, која остана со него цело време, но откако излезе од затвор доби многу понуди во светот на модата. Набрзо се дозна дека ја изневерува сопругата со ќерката на милијардерот Сер Филип Грин, Кло, со која пред неколку месеци доби син.
„Се уште е почеток. Ја цениме љубовта и поддршката и омразата“, напиша размазената наследничка на првата заедничка фотографија на Инстаграм.
Синот Џејден го добија во јуни, а последните денови се на одмор во Монако.