Светските метрополи како Лос Анџелес, Њујорк, Лондон, Париз и Мадрид имаат проблем со високите температури, а сега се појави можно решение во вид на боја.

New York City, NYC, USA
Некои градови се обидоа на различни начини да се борат против топлината, Мадрид прогласи ден без автомобили, Њујорк ги бои врвовите на зградите бело, но високите температури се уште се проблем. Сега, тим научници од Универзитетот Колумбија сметаат дека нашле речение во форма на иновативна боја.
Се работи за супстанца која функционира како боја, но всушност е полимерски премаз кој ја рефлектира сончевата светлина и емитува топлина во атмосферата. Полимерот треба да помогне во разладувањето на зградите, но и на околните подрачја.
Обичната бела боја е евтина и лесно се користи за одбивање светлина, но таа и апсорбира топлина, затоа полимерот е поефикасно решение.
Друга опција е при дизјнирањето на зградите да има подобар проток на воздух, нанесување материјали на прозорците кои одбиваат топлина и производство на ефикасни клима-уреди.