Ѓаволот е жив и здрав и работи извонредно за да ја поткопа Римокатоличката црква . Ова го порача папата Френсис, цитиран од Ројтерс.
Всушност папата е толку убеден дека сатаната е виновен за кризата со сексуалните напади и за длабоката поделеност и потресите во Католичката црква да замоли католиците низ целиот свет да упатуваат посебна молитва секој ден во октомври, за да се обидат да го одбијат.
Откако беше избран во 2013 година, папата Френсис јасно стави до знаење дека верувал дека ѓаволот е вистински . Во априлскиот енциклик посветен на светоста во современиот свет, папата го спомнал ѓаволот повеќе од десет пати.
” Не треба да мислиме за ѓаволот е како мит, слика, симбол, фигура на говорот или идеја . Оваа грешка ќе нè доведе до соборување на гардот , ќе станеме безгрижни и на крајот ќе бидеме ранливи”, пишува тој во енцикликата .
Католичката црква во последниве години беше погодена од бројни сексуални скандали – од Германија, во САД, до Чиле. Во летото архиепископ Карло Марија Вигано остро го критикуваше Францис од конзервативни позиции, дека тој знаел за сексуалните напади на поранешен американски кардинал спрема семинаристите, но не сторил ништо .