Српски новинар: Македонскиот булдожер е забрефтан

од desk4
145 прегледи

Македонскиот булдожертргна, а  Србија е сама и последна. Македонија го полага испитот.

Мнозинството во парламентот кон крајот на минатата недела го отвори патот за уставните измени и спроведувањето на договорот со Грција за новото име на државата.

Неуспешниот референдум е заборавен – сеедно како никогаш  да не е одржува, а македонскиот булдожер за модернизација на земјата оди храбро напред.

Србија е замрзната.

Тоа е како да е под некои дроги  и  е фокусирана целосно зашеметено да ги следи настаните во Македонија. Само мала  граќанска  алтернатива го гледаше  ветрето кое дишеше околу Зоран Заев.

Во исто време, владејачката партија во Србија  се надеваше дека “ќе го попречи овој валкан НАТО проект”.

Требаше да се следат сајтовите на српските таблоиди кои всушност се официјалните сајтови на претседателот и на премиерот на Србија Александар Вучиќ и Ана Брнабич, додека претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери ги читаше  гласовите за потребното мнозинство: сите тие беа како попарени  кокошки.

Нема никакво сомневање дека така изгледал и нивниот шеф – шефот на нашата земја Србија

  Дотолку повеќе што во исто време пристигна и уште една друга вест, не помалку важна – за поранешниот премиер Никола Груевски, кој треба да ја затегне  куферите за затвор поради злоупотреба на службената должност, заедно со други членови од неговиот кабинет.

Всушност, што би можело да значи оваа победа на македонскиот лидер, освен еден политички пораз за српскиот претседател Александар Вучиќ.

Македонија се преврте и одлучи да се приклучи кон западната цивилизација. Србија уште еднаш беше последната и единствена на Балканот да се држи меѓу светските метрополи, со огромна заблуда дека има решение за нејзината судбина.

Зарем не е време да размислувате – додека испраќате честитки до Македонците, да речеме дека проблемот е во друго поглавје?

—————————

Коментар на српскиот новинар Радов Цвијечанин.

Слични содржини