Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ во само три месеци од август до ноември, ослабе дури 17 килограми.

Во кулоарите се зборува дека изгубил на тежина со помош на акупунктура, но во Владата за „Večernji list“ велат дека се работи за промена на прехрамбените навики.
Премиерот ја почнал диетата за време на годишниот летен одмор. И додека претходно во Бански двори живеел на чоколади и кока-кола, сега слаткото и газираното потполно ги исфрлил.
Премиерот, велат од владата, ја исфрлил и вечерата од навиките, па појадокот и балансираниот ручек, со понекој меѓуоброк, го прават премиерското мени.
Пленковиќ по првично изгубените 17 килограми не планира да продолжи да изгуби уште толку, туку да ја одржува постигнатата телесна тежина.