Новото истражување на британскиот Национален центар за општествени истражувања покажа дека квалитетен ноќен сон е поважен за чувството на среќа од нагло зголемување на личниот доход за 50 отсто.

Студијата во која учествувале 8.000 Британци покажала дека квалитетниот сон, сексуалното задоволство и здравјето на блиските членови на семејството најтесно се поврзани со чувството на среќа и благосостојба. Според резултатите на истражувањето, зголемувањето на платата за 50 отсто имало само мало влијание на чувството на среќа.
Лицата кои во текот на истражувањето имале квалитетен сон имале 15 поени повече во индексот на среќата, откако оние кои немале квалитетен сон. Лицата незадоволни од сексуалниот живот имале 7 поени помалку од оние кои имале квалитетен сексуален живот, додека оние на кои платата им била зголемена за 50 отсто имале само 2 бодови повеќе на полето среќа од другите.
Факторите за среќа се живот во сигурна заедница и сигурност на работното место.
Ова истражување меѓу другото покажа дека лицата во триесеттите и четириесеттите години кои немаат деца се најмалку среќни.