Доделувањето на Нобеловите награди низ бројки

од desk2
130 прегледи

Во понеделник вечер, во Стокхолм, Шведска се случи еден од најсвечените настани во оваа скандинавкса земја, а на банкетот за доделување на овогодишните Нобелови награди присуствуваа стотици гости. Погледнете го настанот низ бројки

12

Ова е бројот на Нобелови лауреати во 2018 година. Нобеловата награда за литература не беше доделена годинава, се одложи за в година. Додека пак, Нобеловата награда за мир беше доедлена во Осло, Норвешка неколку дена порано.

1.340

Бројот на гости кои присуствуваа на настанот во Градската сала во Стокхолм. Покрај добитниците на наградите, шведското кралско семејство, во бројката се пресметани и политичарите, академците, и другите гости, Првата нобелова вечера која е одржана нагости 113 лица.

40

Ова е бројката на шефови кои работеа во кујната за да го подготват престижното мени. Им асистираа околу 190 послужувачи и лица кои сервираа.

STOCKHOLM 20181210
Dessertparad nedför trappan i Blå hallen under Nobelbanketten i Stadshuset i Stockholm på måndagskvällen.
Foto: Fredrik Sandberg / TT / kod 1008

9 милиони

Ова е вкупната сума пари потрошена за секоја Нобелаова награда во шведски круни. Оваа година сите награди беа поделени меѓу двајца или повеќе добитници.

25.000

Олку цвеќиња беа употребени за декорација на салата, кои тежеа 300 килограми. Еден шеф за цвеќиња работеше со 12 аистенти за да го створат декорот.