Иако многумина понекогаш тврдат дека може да се смрзнат и да умрат, Аријана Кент го проживува токму тоа. Таа пати од ретко нарушување заради кое не смее долго да биде изложена на ниски температури затоа што навистина може да умре.

Канаѓанката Аријана Кент има 21 година и необично нарушување кое и оневозможува бањање во студена вода или да помине подолго време на ниски температури. Доколку нејзината кожа почувствува дека и е ладно, рагира така што по целото тело и се појавува осип кој чеша.
Аријана не излегува во зима затоа што секоја малку послна реакција на ниските температури може да ја прати во болница во состојба на шок.
Иако нејзината ситуавција е сериозна, Аријана вели дека луѓето ретко ја сфаќаат серионо.
„Секој ден слушам како некој зборува дека е алергичен на зима, а тоа јас навистина го преживувам и е грозно. Луѓето не ми веруваат, а ако им кажам дека сум била во болница ме гледаат како да сум луда. Често зборуваат дека знаат оти ми е студено, но дека претерувам и дека сигурно не сум алергична“, вели таа.
Ситуацијата ја влошува што таа живее во земја каде температурата паѓа и до минус 40 степени Целзиусови. Затоа често се затвора дома и слоевите се облекува.
Нејзината состојба не била од секогаш такава, кога била мала немала проблеми.