Приказната за најсеверниот автопат на светот

од desk2
140 прегледи

Се протега на 129 километри од Олдерфјорд до Нордкап на парче земја на самиот врв на арктичка Норвешка, па се смета дека Е 69 е најсеверниот автопат на светот, чудо на инженерството долж брегот на најсеверниот полуостров на Западна Европа.

За неговата изградба се расправалу уште во 1908 година, но завршен е дури во 1999 година. Се работи за автопат со полно брилијантни контрадикции, кој поврзува грст оддалечени и кревки рибарски заедници кои одамна докажаа дека се способни да живеат надвор од цивилизација. На многумина автопатот не ни им беше потребен со оглед на тоа дека и понатаму не се откажуваат од рибарскиот чамец.

Возејќи се по овој автопат ќе ја видите норвешката дивина во нејзината најсурова состојба- планините талкаат по ветробранското стакло пред да им отстапат место на огромните рамнини и налислни бури кои доаѓаат од застрашувачкото Баренцово море.

Правењето на автопатот E69 почна во триесеттите години на минатиот век за државата да спречи пад на рибарската индустрија која рибарите од Нордкоп изгубија контрола над ексклузивните права на концесија. Требаше да се пронајдат нови извори на приходи па во 1934 година одржан е масовен состанок во Хонингсваг, најнаселеното село во пристанишните шефови кои бараа од општинското собрание да изградат национален автопат за да го решат проблемот.

Теоријата беше локалното население да може да заработи повеќе од риболов до турисите во Баренцовото море. Речиси невозможниот патот беше решение за нивниот проблем. Или барем така се надеваа.

Мраз, ветар и океан не се лесни за живот, а многумина се сеќаваат кога цивилизацијата стигна во оваа замрзната дивина – неодамна! На пример, последните 24 км пат за Нордкап изградени се во 1956 годна, а еден од последните делови длабок морски тунел кој го спојува островот Магериа со полуостровот Порсангер е отворен дури во 1999 година.

Иако автопатот со себе донесе и шанса, рибарската индустрија од која зависат многу луѓе тргна по друг пат. Во текор на минатата деценија, меѓународната флота потполно исчезна, дел како реакција на владиниот мандат рибните залихи да се подмладат. Во тандем со тоа, автоматизацијата се зголеми, посадите се намалија, а индустријата за преработка на риба се пресели во Кина. И покрај тоа, рибарството во оваа област опстанува, а годишната берба на кралски ракови овде е меѓу најголемите во северна Европа.

На самиот крај на автопатот E69 се наоѓа Нордкап. Таму каде патот конечно пушта на него да се надоврзе океанот, таму каде долгата зима ги меша сите нијанси се наоша Нордкапален со центар за посетители, подземна капела и музеј посветен на кралот Рама V, владетел на Сијам кој овој крај го посетил со брод во 1907 година.

Додека надвор сино-сивата висорамнина може да изгледа многу драматично за нечиј вкус токму таа е таа што со своите 307 метри над Баренцовото море ги привлекува посетителите со векови. Во минатото, масовните карпи го означувале крајот на светот за истражувачите.

Денес Нордкап ги учи своите посетители дека на природата мора да и се восхитуваме – но и автопатот E69 кој инспирира толку многу луѓе да се повозат по него.