Невозможна мисија: Хеликоптерско спасување при снежно невреме

од desk2
80 прегледи

Речиси цела Централна Европа е под снежни наноси, при што некаде покривката е дебела и до два метра, а телевизиите и интернетот се преполни со снимки од невремето, како и од спасувачки операции.

 


Sky News објави видео од спасување на еден скијач на планина во Франција со помош на хеликоптер. На снимката, леталото со предниот долен дел буквално се потпира на снежен гребен, при што клучни за успешната мисија се умешноста и снаодливоста на пилотот.

Потфатот е доста комплексен и она што го направил пилотот е речиси невозможно, сметаат познавачите во изјави за телевизијата.