Руската агенција ТАСС објави денеска видео снимка од свечениот ручек во Белград што беше приреден за претседателот на Русија, Владимир Путин.
На снимката се гледа како министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ пее „Каљинка“ додека Вучиќ и Путин плескаат со рацете во ритам на музиката.
Дачиќ за време на свечениот ручек ја отпеа и „Рјабинушка“.