Осудени за семејно насилство нема да бидат примени во Австралија

од Марта Пешевска
79 прегледи

Луѓе кои се осудени за насилство врз жени и деца, нема да им биде дозволено да влезат во Австралија, соопшти министерот за имиграција Дејвид Коулман, цитиран од АФП.

Во вторникот, стапи на сила новиот закон според кој визите ќе бидат откажани ако имателот е осуден на една година и повеќе.

“Австралија нема толеранција за сторителите на семејно насилство”, рече министерот во изјавата. “Ако сте биле осудени за кривично дело против дете, не сте добредојдени во оваа земја”, се додава во соопштението.

Во минатото Канбера одби виза на американскиот R & B пејач Крис Браун и на боксер Флојд Мејведер поради обвинение за семејно насилство.