Американските милионери не сакаат бездомници во соседството

од desk2
113 прегледи

Преку јавна кампања богатите Американсци од Сан Франциско собраа десетици илјади долари за да спречат во нивното соседство да се изгради прифатилиште за бездомници.

Преку јавна кампања на социјалните мрежи , жителите на една од елитните населби во Сан Француиско , собрале 46 000 од потребните 100 000 долари за да му платат на адвокат што ќе ја спречи изградбата на прифатилиште за бездомници.

 

Пари донирале над 90 жители, од кои еден анонимен донатор уплатил 10 000 долари. На списокот на донатори има познати менаџери , директори и автори.

На истата страница за донации GoFundMe, застапниците на изградбата на прифатилиште собрале скромни 5 000 долари.

Изградбата на прифатилиште за бездомнници беше едно од предизборните ветувања на локалните власти, откако бројот на вакви лица порасна на над 7 500 , а 1 400 од нив очекуваат да бидат сместени во прифатилиштето.