На видиковецот кај Козјак никнува ресторан (видео)

од Vladimir Zorba
514 прегледи

Ресторан со придружни содржини почна да се гради на видиковецот кај Света Петка на патот кон езерото Козјак. Градежните машини се на локацијата и го расчистуваат теренот.

На таблата поставена на ограденото градилиште пишува дека одобрението за градба е издадено од Општина Сопиште на 10 мај 2017 година. Инвеститор е Влатко Костенчев, а гради Кат-инг градба доо Скопје.

Од Општина Сопиште информираа дека е предвидена изградба на ресторани, сместувачки капацитети од тип на бунгалови и спортски игралишта. Според ДУП-от, предвидено е 70 отсто да биде зеленило. Станува збор за ДУП за туристичко-рекреативен спортски центар „Козјак“ изработен од Министерството за транспорт и врски, со согласност од „Јасен“, МЗШВ, МЖСПП и Министерството за култура.