Во Германија направен највисокиот песочен дворец на светот

од desk2
136 прегледи

Од 2010-та година па наваму, се одржува натпреварот во градење на песочни дворци во Бинц.

На фестивалот на скулптури од песок во германскиот град Бинц, на островот Риген на Балтичкото море, направен е песочен дворец висок 17.66 метри и е највисокок песочен дворец во светот.

Песочниот дворец бил правен од месец мај и го срушил рекордот кој го имал дворецот направен во Дуизбург, исто така во Германија во 2017-та година кој бил висок 16.68 метри,пренесуваат од Си-ен-ен.

Овој германски град е приморско место познато по своите песочни плажи, но песокот кој се користи за годишниот натпревар се увезува од Холандија затоа што очигледно полесно е да се обликува.

Бројот на деталите на песочниот дворец е речиси неверојатен, тој потсетува на град од серијата „Игра на тронови“, со змеј во подножјето и ѕидови кои ја обиколуваат високата кула.


Во неговото “оживување“ учествувале неколку уметници.

Организаторот Томас ван Дунген добил сертификат за Гинисов светски рекорд како признание за достигнатото.

Ниту една креација од песок не може да трае вечно, така што сите кои сакаат да го видат ова нешто тоа можат да го направат до месец ноември, пренесуваат од Си-ен-ен.

Слични содржини