На една плажа во Улцињ во Црна Гора, преку разглас одеднаш одекнаа звуците на националната химната на некогашната СФРЈ, „Хеј Словени“. На видео споdелено преку социјалните мрежи се забележува дека од почетокот на композицијата, па сѐ до завршувањето сите присутни во барот од каде што се пушти химната, но и посетителите на плажата застанаа на нозе и мирно го проследија интонирањето на химната на некогашната заедничка држава.
СФРЈ постоеше во периодот од 1943 до 1992 година. Беше формирана како федерација од 6 републики и 2 автономни покраини, со првобитно име Демократска Федеративна Југославија. Подоцна, на 29 ноември 1945 го добива називот Федеративна Народна Република Југославија, за конечно, во 1963 да биде преименувана во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).
Во нејзин состав влегуваа: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Двете автономни покраини беа Косово и Војводина.
РАспадот на оваа заедничка држава која според многу аналитичари била на налик на ЕУ, и сериозна еконмски моќна заедница се распаѓа по смртта на вечниот лидер Јосип Броз Тито. Во почеток управувањето функционира како колективно претседателство од сите република , но подоцна почнува распадот кој завршува со крвава војна меѓу некогачните братски републики.Прва се одвојува Словенија, следува судирот меѓи Хрватска и Србија, преломот во Босна и Херцеговине, подоцна Косово, Црна Гора, Македонија успева да се извлече без ниту еден испукан куршум и да ја создаде својата независнот од некогашниот југосолвенски сојуз.Како главни виновници за распадот од југословените е шовинизмот и национализмот на српскиот претседател Слободан Милошевиќ и хрватскиот вожд Фрањо Туџман. И денеска се водат случаи пред хачкиот трибунал за виени злосторства.
Денешната слика покажува дека народите обичните граѓани сеуште покажуваат носталгија кон заедништвото и таа слобода и респект едни кон други втемелено во сега вече непостоечката СФРЈ.
I sada rado slusana
Публикувахте от Larisa Banda в Понеделник, 1 юли 2019 г.