Неделен хороскоп: Девици, не се вртете кон болното љубовно минато

од Elena Daskalova
349 прегледи

Прочитајте што ѕвездите ви порачуваат за неделата која претстои, на поле на љубовта, здравјето и секако, работата и финансиите.

Овен

Од една страна ви одговара воздржаноста на саканата личност, но од друга, се прашувате дали нешто вие погрешивте. Сингл Овните ќе имаат доста интересни ситуации, особено со онлајн познанства. На работа е многу интензивно, но вие сепак останувате мирни и одите по најјасниот пат. Можни предлози за соработка со странство. Можни се мали проблеми со варењето. Обидете се да направите промени во исхраната, но и во животните навики.

Бик

Партнерот ве нервира со некои свои постапки, но на вас е да ја смирите ситуацијата, па дури и ако тоа значи да го оставите да ја „излади“ главата. На слободните Бикови им претстои можна средба со личност од минатото која ќе ги разбранува емоциите. На работа постојано исправувате „криви дрини“ и веќе ви е смачено од тоа. Само со трпение ќе успеете да го надминете овој проблем. Чувајте се од вирусни инфекции и обидете се да не претерувате со брза храна.

Близнаци

Ништо не оди онака како што сте планирале, па трошите многу повеќе енергија отколку што имате. Пренасочете ја кон нешто продуктивно, ќе се чувствувате многу поисполнети отколку да се расправате. Слободните Близнаци привлекуваат нови личности во животот. На работа ве чека позитивен развој на нештата, дури и ако некои ваши идеи бидат инстантно отфрлени. Здравјето ви е особено чувствително, потребно е дополнително да внесувате витамини и минерали.

Што им носи оваа недела на останатите хороскопски знаци прочитајте ТУКА.

Слични содржини