Зошто Христијан Мицкоски тактизира, врти од околу, не кажува јасен став и не ги повикува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Барањето поднесено од пратеници на СДСМ за автентично толкување?, се наведува во соопштението на владеачата СДСМ.
„Со автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, се спречуваат обидите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов. СДСМ се бори за правда, за одговорност за сите коишто се огрешиле и амнестии нема да дозволи да се случат. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ брани криминал“, велат од партијата.
Тие го повикаа Мицкоски да излезе пред јавноста и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за автентичното толкување.
„Без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и институциите нема да им дозволат попречување на правдата и опструкции на правниот систем“, стои во соопштението на СДСМ.