256
Легендарниот голман на Баерн и германската фудбалска репрезентација, Оливер Кан од 1 јануари станува член на Управниот одбор на баварскиот клуб.
Кан ќе замине со екипата на зимски подготовки во Катар, се најавува дека неговата улога во клубот ќе биде и посериозна од таа на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, а од 2021 година Кан треба да стане и извршен директор на Баерн, на местото на Карл Хајнц Румениге.
Кан пред повеќе од 10 години ја заврши кариерата. За Баерн бранеше 429 пати, а на голот на репрезентацијата на Германија стоеше на 86 натпревари. Како голман се докажа, а сега треба да раководи со клубот кој има буџет од 750 милиони евра.