Чулев за два дена донел 89 решенија за распоредување, Владата му ги поништи

од Aleksandar Todeski
333 прегледи

Владата на синоќешната седница на која се разгледуваше текстот на Предлог-законот за Јавно обвинителство поништи 89 решенија за распоредување на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, а кои ги донел на 6 и 7 февруари.

„Врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, на оваа седница е усвоена одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари оваа година“, соопштија од Владата.

Претходно Владата поништи и решенија кои ги донесе техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, а кои беа партиски кадри од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини