Откако минатата недела Јарика Бејлес објави потресно видео од нејзиниот син, кој има дијагноза ахондроплазија и бил малтретиран од соучениците, случајот веднаш стана вирален и многу популарни личности се понудија да помогнат.
Но, имаше и такви кои сметаа дека се работи за измама, што уште повеќе го нагласи булингот. Поради тоа, профилот на мајката веќе е избришан или пак, е прилагоден да биде приватен, а со тоа и изворните содржини веќе не се достапни.
Оваа потресна снимка сè уште може да се најде на другите платформи каде беше симната и одново споделена. Неодамна, мајката објави дека фотографиите од нејзиното дете недозволено се симнуваат од нејзиниот профил и се злоупотребуваат.
Деактивирана е и фан-страницата „The Stand Tall 4 Dwarfism“ која ја водела таа. Многу популарни личности искажаа поддршка за Квејден и неговото семејство, а рагби-тимот Индиџинос од Австралија го покани да им се придружи на теренот, а и достојаа на зборот и излегоа со него за време на натпревар на австралиската национална лига.