308
На денешниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, излезе да зборува со позадина идентична како на митинзите на СДСМ пред изборите во 2016 година.
Младината на партијата со банери во рацете, со разликата што, на оние од сега владејачката партија беа испишани пораки од кампањата „За живот“, на протестот на опозицијата се испишани пораки против политичкиот противник.
Претходно, власта обвини и дека ВМРО-ДПМНЕ ја краде нивната програма од 2016 година, во делот на инфраструктурните проекти.