Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека позитивниот извештај на Европската Комисија за земјата е потврда дека народот, парламентот и владата ги завршиле своите обврски.
„Тоа е порака дека продолжуваме на вистинскиот пат. Веројатно се работи за Законот за Јавно обвинителство и другите важни реформски закони. Извештајот ќе биде проследен до земјите-членки и потоа Советот ќе носи одлуки. За мене е важно што е потврдено дека сме на прав пат, но и дека тоа е верифицирано. За мене е важно дека се потврдува дека на октомврискиот самит се направи голема неправда на Република Северна Македонија. Ние не очекуваме веднаш членство, ние очекуваме почеток на преговори“, истакна Заев.
Тој посочи дека не би си дозволил да коментира кога очекува одлука.
„Ние ќе чекаме, се надевам дека ќе го израдуваат нашиот народ час поскоро, а ние остануваме да чекаме“, истакна лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев.