Филипче: Опозицијата шири само лажни информации и закани

од Aleksandar Todeski
420 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека е сведок на секојдневни напади од опозицијата, но е несоодветно тоа што се користи коронавирусот за дневно политички теми.

„Освен закани и лажни информации, како и предупредување, друго не слушаме. Тоа е доказ дека немаат капацитет. Се надевам дека ќе ги надминат во овие работи и ќе сфатат дека станува збор и за нивните животи и животите и здравјето на нивните најблиски и дека тука нема партија, ниту ништо“, истакна Филипче во интервјуто на НоваТв.

Тој ги демантираше информациите кои ги сподели опозицијата, а во кои велат дека Филипче знаел дека докторката Нина Цаца Билјановска, доскорешната директорка на Кожно е заболена од коронавирусот.

За лажните вести и обвинувањата, вели Филипче, обврска добило Министерството за внатрешни работи, а откако ќе ги открие, треба да ги санкционира, бидејќи ширењето на страв е казниво со Закон.

 

Слични содржини