287
Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека до денеска се направени вкупно 888 тестови.
„Во овој момент имаме во Институтот за јавно здравје 1.400 дополнителни тестови, а ќе се набават уше илјада. Ќе има донација уште 1.000 тестови со најава дека ќе имаме на располагање по 1.000 секоја недела и по 300 во клиниката „Жан Митрев“, вели Филипче.
Тој информираше дека од понеделник ќе функционираат два пункта, во Чаир и Јане Сандански, а тестирањата ќе се закажуваат телефонски, преку Мој термин, со што како што нагласи Филипче, значајно ќе се зголеми достапноста.