200
Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека поради тоа што ниедна од фирмите не можела да ја постигне итноста за набавката на респиратори, тој ќе предложи владата да спроведе нова јавна набавка.
„Заврши јавната набавка за респираторните машини, иако постигнавме добра цена од 16.000 евра, никој не можеше да ја постигне итноста, се понитши, па владата ќе спроведе јавна набавка. Само на 5 проценти им е потребна поддршка респираторна, што значи дека имаме доволен број на респираторни машини“, истакна Филипче.
Министерот вчера кажа дека Кина резервирала 200 респиратори за земјава и дека откако ќе се завршат административните работи, истите во најбрз рок ќе бидат донесени тука.