Македонскиот музичар и чен на групата “Фолтин“, Бранислав Николов вели дека фриленсерите се погодени како и сите други и дека е за еднаков третман на сите граѓани дури трае кризата.
„Јас имам статус на слободен уметник. Министерството ми плаќа придонеси. Сега веќе од почеток на март и не знам до кога сите ангажмани се откажани. Јас сум за еднаков третман на сите граѓани дури е кризата. Минимална плата за сите, за најосновните потреби. Не е време ни за печалење, а од друга страна, освен за одлагање на исплата на ратите од кредитите, не е ниту пак ни за редовна наплата за струја, тел, интернет и други трошоци. Капиталистите тешко се даваат ама мора да победи солидарноста. Најголемата штета не е на џебот. Верувам секому е подеднакво тешка изолацијата. Работата го прави човека. Не работиме само за леб, работиме и да се оствариме. Работата е во природата на човекот… Ми фалат луѓе, ми фалат гужви, ми фали слободата на движење. Ми фали да го спуштам товарот на загриженоста и да ја почувствувам пролетта, со сите сетила“, додава Николов.