Секојдневните апели на надлежните институции и Министерот за здравтсво, Венко Филипче, постарите лица да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од Корона вирусот, како најризична категорија, деновиве пред експозитурите низ повеќе грдови во државата можеше да се забележат гужви и турканици од пензионери кои да си ги подигнат пензиите.
Од фотографиите на социјалните мрежи се гледа како стојат едни до други без заштитни маски и ракавици.
„Фотографија која се појави на социјалните мрежи од пред филијалата на НЛБ Банка утринава покажува колку сме недисциплинирани во однос на држењето дистанца и седење дома. Залудни се полициските часови, забраните за движење на пензионерите. Ова веќе е полошо од јавен собир, па апелираме Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки за расчистување на насобраниот народ“, се дел од коментарите п социјалните мрежи.