Зибери: Рано да се зборува за олеснување на рестриктивните мерки

од Берта Китинска
177 прегледи

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, во изјавата за Клан рече дека пред скоро еден месец предвиде дека бројот на засегнатите може да достигне и до 100 инфектирани во рок од еден ден. Здравствените власти на 16 април во дневниот извештај пријавиле 107 случаи. Тој вели дека не е добро да се предвиди кога ќе има пад на бројот на заразени, бидејќи според него, земјата сега е на својот највисок врв на ризикот.

Зибери вели дека не е случајно што во еден ден достигна бројка од над 100 инфектирани. Ова се должи на големиот број тестови, што, според него, ја прави нашата земја како лидер на Балканот и дека пред нас е само Република Словенија.

Врз основа на податоците на Центарот за јавно здравје, Зибери ја поддржува својата теза, која тој веројатно ја дал меѓу првите, дека овој вирус можеби е присутен во нашата земја уште од јануари. Ова, имајќи го предвид бројот на 17 илјади инфектирани од сезонскиот грип во однос на минатата година.

Директорот на Центарот за јавно здравје вели дека е премногу рано да се размислува за олеснување на мерките и ограничување на движењето, заради бројките дадени од здравствените власти. Тој рече дека мерките на владата даваат резултати, повикувајќи на изолирање и социјална дистанца да се почитуваат за да не се оптовари здравствениот систем.

 

Слични содржини