АА и Алтернатива: Салата „Борис Трајковски“ и касарната „Илинден“ да станат ковид-центри

од Nikola Popovski

„Универзитетските клиники во Клиничкиот центар да бидат прогласени за „зелени зони“, каде ќе се лекуваат пациенти со разни болести кои негативно влијаат на општото здравје на населението, додека Градската болница „8 Септември“, спортската сала Борис Трајковски “ и касарната „Илинден“ да станат ковид-центри или „црвени зони“, предлага коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива преку соопштение.

Тие повторно ја обвинија Владата, а особено Министерството за здравство дека не ги сфатиле сериозно предлозите на Светската здравствена организација за третиот бран и неговите последици и не ја подобриле инфраструктурата на болниците, не се изградени повеќе модуларни болници ниту, пак, има вакцини.

„Ние сме на крајот на март или на крајот на првиот квартал на годината, кога според ветувањата, требаше да се обезбеди доволно количество вакцини за да се постигне колективен имунитет и да се нормализира епидемиолошката состојба. Нас не ни требаат изговори или поплаки за одложувањата, но бараме одговорност од премиерот Заев, вицепремиерот Груби, министерот Филипче и заменик-министерот Хасани за необезбедување вакцини и аферата со кинеските вакцини“, порачаа од партиите.

Слични содржини