Абазовиќ: Оставката на Ѓукановиќ е очекувана

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на црногорската влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ, денеска изјави дека е очекувана оставката на Мило Ѓукановиќ од челната позиција на Демократската партија на социјалистите и додаде дека тоа е внатрешен проблем на ДПС и оти нова ера треба да започне за Црна Гора.

По поставувањето на камен-темелникот на зградата за вработените во РТЦГ, Абазовиќ пред новинарите изјави дека и претходно најавил оставка на Ѓукановиќ.

„За мене беше сосема очекувано, некаде претходно го најавив. Нека ги погледнат луѓето изјавите од претходниот период и се ќе им биде јасно“, рече Абазовиќ.

Слични содржини