Актуелно
Почетна / Македонија / Адеми по средбата со СОНК: Напредок има, но не и договор

Адеми по средбата со СОНК: Напредок има, но не и договор

Министерството за образование и наука и СОНК се договориле да ги продолжат разговорите кои би донеле до спречување на генералниот штрајк кој претседателот на СОНК, Јаким Неделков го најави за 11 ноември доколку нема покачување на платите.

Министерот за образование, Арбер Адеми по средбата со премиерот Зоран Заев и претседателот на СОНК Неделков, рече дека има приближување на ставовите, но не и целосен договор.

„Денеска имавме средба со премиерот и СОНК, преговорите продолжуваат на најконструктивен начин. Има приближување и напредок во ставовите, преговорите ќе продолжат и во наредните денови, но важно е дека има приближување. Ние како влада сме максимално заинтересирани да ги подобриме ситуацијата и социјалниот статус на вработените во дејноста образование“, рече Адеми по средбата.

Тој додаде дека секоја мерка која се планира да се преземе треба да биде реална и да биде возможна за имплементирање.

„Сме заинтересирани за следно, историско покачување на платите. Конечен договор би требало да се постигне наредните денови. И денеска ќе бидеме во комуникација со претседателот на СОНК. Има позитивни сигнали за приближување, придвижување и напредок кон постигнување на договор што би значело историско покачување во дејноста образование. Дискутираме и за процентот, но и за датумот од кога ќе се засмета покачувањето. Заинтересирани сме за подобрување на состојбите“, рече министерот.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

loading...