Адеми: Села манипулира со албанската јавност, неговите изјави се несериозни и трагични

од Берта Китинска
375 прегледи

Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми ја демантираше Алијанса за Албанците околу бројката на Албанци кои немаат македонско државјанство. Тој ја обвини албанската опозиција дека манипулира со бројот на лицата кои немаат државјанство за да добие ситни политички поени.

„Во периодот од 1991 до 2021 година, односно во последниве 30 години од независноста со македонско државјанство се стекнале 43.321 Албанец, а 3.374  од нив за жал се одбиени. Во постапка за државјанство се над 2.674 барања, од кои помалку од половина, односно помалку од 1.300 се од Албанци.И ова прашање ќе го решиме.Затоа што тоа беше и е една од клучните точки на нашата програма“, изјави Адеми.

Тој рече дека ќе излезат со решение со цел да се деблокира Собранието и да се донесат законите за економските пакети.

„ Зијадин Села манипулира со албанската јавност, неговите изјави се несериозни и трагични. Со манипулација за бројот на лицата кои немаат државјанство сакаат да добијат ситни политички поени. Прво велеа дека 70 илјади немаат државјанство, па после 7 илјади или помалку лица без државјанство“, рече Адеми.

Слични содржини