Адвокатите открија детали: Како ќе се заврши судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд?

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд со недели се на суд, а наскоро се очекува епилогот од случајот вреден 50 милиони долари.

Во моментов има пауза, а судењето ќе продолжи на 16 мај, но сега „исплива“ дека е можно и актерот и актерката да ја напуштат судницата без ниту еден цент.

Џони ја тужи Амбер затоа што наводно го нарекла насилник и бара отштета од 50 милиони. Амбер потоа ќе го тужи него и ќе бара 100 милиони затоа што со ова судење ја прогласил за лажга. Многумина ги збуни случајот со двете холивудски ѕвезди, кој воопшто не се заснова на ужасните обвинувања за насилство од двете страни за време на нивниот краткотраен брак, туку на тоа што рекол едниот за другиот.

Судбината на овој бизарен случај е во рацете на седум поротници од Вирџинија кои можеби ќе одлучат да не доделат ниту цент отштета, пишува „Њујорк Пост“.

„Поротата треба да ја одреди висината на обесштетувањето за обвинетиот и оној кој го обвинува. За затвор не се зборува бидејќи обвиненијата не се криминални, но постои опција поротниците да не му веруваат на Џони или Амбер и на тој начин да одлучат да не доделат обештетување на било кој“, вели извор близок до случајот.

ПР службата на Деп накратко потврди дека е можно актерот да излезе со празни раце од судницата. Но, адвокатот Халим Данидина наведува дека пресудата во нечија корист ќе биде „погубна за жртвите на вистинско насилство и клевета“.

Секој пат кога ќе помине тужба за клевета, тоа има морничав ефект. Ако Деп добие пари за она што го напишала Амбер, тоа ќе ги обесхрабри луѓето навистина да зборуваат за важни работи поради страв дека ќе мора да платат отштета. Но, од друга страна, не сакаме, ниту да правиме свет во кој секој ќе може да каже што сака, дури и ако знае дека лаже. Како и да одлучи поротата, таа одлука ќе има оддек во јавноста“, рече таа.

Слични содржини