Аеросмит на суд, обвинети за малтретирање

Тапанарот на бендот Аеросмит, Џои Крејмер, ги тужи членовите на бендот за малтретирање.

Крејмер, кој во бендот е од неговото основање во 1970 година, полесно бил повреден во март 2019 година и тогаш започнале неговите проблеми.

Тој во тужбата наведува дека Стивен Тајлер, Џо Пери, Том Хамилтон и Бред Витфорд по половина век во бендот го малтретираат!

Крејмер наведува дека станува збор за мобинг, бидејќи членовите на бендот одеднаш започнале да „смислуваат“ нов начин на работа кој нему му штети. Го терале, како што наведува, по опоравувањето да оди на аудиција за да докаже дека е способен да се врати во сопствениот бенд.

„Тоа не е се, исто така, пред турнејата со која обележуваме 50 години кариера, јас сум приморан да ги вежбам сам настапите во студио, на снимка, бидејќи тие ‘немаат време’ да вежбаат со мене. Ова не му се случило на ниту еден член од бендот за сите овие децении“, рекол тој.

Слични содржини