Афлек ќе режира филм на Марвел

од Stefanija Kuzmanovska

Бен Афлек може да постигне успех во двете најголеми стрип компании во светот. Тој имаше можност да се реинкарнира во ликот на Бетмен, за што доби многу пофалби од многу фанови ширум светот.

На Бен Афлек сега му се обратиле да режира филм на „Марвел“, објави Giant Freakin Robot.

Иако можеби звучи чудно што Бен Афлек ќе режира филм на „Марвел“, тој веќе неколку пати бил продуцент, сценарист и режисер. Всушност, еден од неговите најдобри филмови се покажа како „Добриот Вил Хантинг“, за кој тој и неговиот колега Мет Дејмон добија Оскар за најдобро сценарио.

Тој исто така го режираше „Градот“, филм за грабеж на исто ниво со „Жега“ од 1990-тите.

Слични содржини