Африканска земја верува дека можеби има стекнато колективен имунитет

од Nikola Popovski

Околу 12 милиони луѓе во Јужна Африка веројатно биле заразени со коронавирус, но стапката на смртност не е толку голема, што може да укаже на широко распространетиот „степен на имунитет“, изјавил јужноафриканскиот министер за здравство Звели Мхизе.

Тој проценил дека повеќе од 20 проценти од 58 милиони жители на Јужна Африка во одреден момент биле заразени со вирусот.

Мхизе се осврнал на студија која открила присуство на антитела на коронавирус во примероци од крв земени во делови од популацијата.

Мхизе изјавил дека некои други истражувања сугерираат дека до 40 проценти од населението може да биде имуно на коронавирус.

Некои експерти сугерираат дека Јужна Африка може да се приближи кон колективен имунитет, но научниците веруваат дека најмалку 70 до 80 проценти од населението треба да биде имуно на вирусот за да ги почувствува ефектите.

Поради значително намалување на бројот на потврдени случаи на инфекција, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во средата вечерта објавил дека границите на земјата ќе бидат отворени на 1 октомври, но за влез во земјата ќе биде потребен негативен тест за коронавирус, не постар од 72 часа. Влезот нема да им биде дозволен на лица од земји за кои се смета дека се изложени на висок ризик за ширење на инфекцијата.

Слични содржини